3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хаг демантира: Веста за смртта на Ратко Младиќ е лажна

Хашкиот трибунал попладнево информира дека веста за смртта на генералот Ратко Младиќ е неточна.

Таа информација ја пренесоа многу медиуми повикувајќи се на објавата на „Твитер“ наводно од страна на министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ.

Босанската министерка во објавата посочува дека веста за смртта на Младиќ ја добила од Хашкиот трибунал. За ситуацијата да се претвори во уште поголем циркус, веднаш по демантот од Хаг на истиот профил на „Твитер“ беше објавено дека профилот е лажен и создаден од страна на италијанскиот новинар Томазо де Бенедети.

Како што пишуваа странските медиуми уште во 2018 година, Де Бенедети и претходно имал слични испади и тогаш го прогласи за ‘мртов’ Коста Гаврас.

Претходно Де Бенедети ги ‘умрел’ и Џоан К. Роулинг, Фидел Кастр, папата Бенедикт Шеснаесети, Милан Кундера итн.

Во меѓувреме, и босанската министерка потврди дека станува збор за лажна вест и дека таа воопшто и нема профил на „Твитер“./Makfax