9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Исповед на патничка од авионот кој се распадна на 3 дела во Истанбул: „Се преполови кај моето седиште“

Патниците повредени при излетувањето на патничкиот авион од пистата на аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул, закрепнуваат во болниците.

Да потсетиме, при грубо слетување загинале три лица, а повредени се вкупно 180.

Во болницата „Емсеј“ во Истанбул хоспитализирани се Румејса Демитрај и нејзиниот сопруг Сереф.

Румејса раскажала како авионот слетал со голема брзина, а после тоа кога удрил на тлото, почувствувала како повторно да полетал.

„Во тој момент веројатно излетавме од пистата. Забележавме дека авионот нагло удри на тлото и почнавме да коментираме дека тоа е веројатно поради временските услови. При првиот удар во земјата не почувствуваме дека е толку драматично. После излетувањето од пистата авионот удри повторно во земјата и се преполови, дури тогаш ни стана јасно за што се работи“, рекла таа.

Додала дека авионот се преполовил во непосредна близина на местото на коешто седела.

„Веднаш до моето седиште, а беше тоа бројот 26. Откако се преполови настана паника. Некои од патниците почнаа да викаат „скокајте, авионот ќе експлодира“. Станав, а потоа му помогнав и на мојот сопруга да излезе од авионот“, истакнала таа.

Додала дека на крајот го напуштиле леталото низ неговиот опаш, кој исто така бил искршен.

Нејзиниот сопруг при ударот на авионот ја скршил коската на рамото и колкот.

Спонзорирано: