11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Парализирано момче починало од глад бидејќи татко му бил ставен во карантин поради коронавирус

Две службени лица во Кина останале без работа бидејќи тинејџер со церебрална парализа починал кога татко му, единствениот старател, бил ставен во карантин под сомнение дека е заразен со коронавирус.

Јан Ченг (16) бил пронајден мртов една недела откако неговите татко и брат биле ставени во карантин. Момчето за тоа време јадело само двапати.

Поради тој случај, биле разрешени секретарот на Комунистичката партија и градоначалникот на градот Хjуџaхеј.

Семејството живеело во кинеската провинција Хубеј, која се смета за епицентар на ширењето на коронавирусот.

Локалните медиуми пишуваат дека таткото побарал помош на кинеската социјална мрежа „Веибо“ и се обидел да објасни дека неговиот син останал сам, без храна и вода.

Властите објавија дека ќе биде поведена истрага за овој настан./Makfax

Спонзорирано: