23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Отворена првата болница во Кина за заболени од коронавирус, зградата била опремена за само два дена

Првата кинеска болница за лекување заболени од коронавирус е отворена во градот Хуанганг, во близина на Вухан, откако работници и волонтери претворија напуштена зграда во установа со 1.000 кревети за само два дена.

https://www.youtube.com/watch?v=xuypbfaSV90

Зградата на болницата првично била изградена како ново крило на Централната болница Хуанганг и требало да биде отворена во мај. Сепак, локалните власти во петокот наредија завршената, но празна зграда да се користи за лекување пациенти со коронавирус, а подготовките почнаа во неделата.

До понеделник, сите кревети биле поставени како и инсталациите за струја, вода и интернет беа завршени. Повеќе од 500 работници и десетина градежни возила работеле два дена и ноќи за да ја завршат работата навреме.

Спонзорирано: