13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нов силен земјотрес во Турција: Жителите мораа да излезат на улица

Земјотрес со умерен интензитет го погоди денеска западниот дел од Турција, а граѓаните во паника истрчаа на улиците.

Според локалните власти, засега нема податоци за повредени и евентуална материјална штета.

Турската агенција за управување со вонредни ситуации и катастрофи информираше дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени по Рихтеровата скала, а епицентарот бил во градот Киркагач, во покраината Маниса.

Земјотресот е евидентиран во 14.26 часот по локално време, на длабочина од 6,99 километри.

Спонзорирано: