10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Барањето на Сиљановска потврдува, Мицкоски е свесен дека останува во опозиција, не постои доволно голем транспарент кој ќе го покрие срамот на ВМРО-ДПМНЕ

Барањето на Сиљановска потврдува, Мицкоски е свесен дека останува во опозиција, не постои доволно голем транспарент кој ќе го покрие срамот на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

– Барањето на неуспешната кандидатка за преседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска, Јавниот обвинител за организиран криминал да биде на предлог на опозицијата потврдува дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека остануваат опозиција и затоа бараат обвинител на нивен предлог.

На ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски единствена цел им е предметите и истрагите што се водат против фунцкионерите на опозициската партија да ги снема и ниту едно обвинителство да нема надлежност врз предметите на СЈО.

Затоа се против Законот за јавно обвинителство, затоа ја опструираат правдата, во надеж дека обвинетите од ВМРО-ДПМНЕ ќе се спасат од одговорност. Тој филм Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да го гледаат.

Право и правда ќе има, обидите на обвинетите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да се спасат од правдата и да го попречат европскиот пат на земјата се осудени на неуспех.

Не постои доволно голем транспарент со кој ВМРО-ДПМНЕ ќе го покрие сопствениот криминал и срам. Ништо не го сокрива фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат против правдата, против интересите на граѓаните.

Истовремено, обвинетото лице Антонио Милошоски да не прави циркуси, за кои знаеме дека е талент, и да не го свртува вниманието на јавноста со евтини финти. Наместо да ја попречува правдата како еден од осомничени во случаи за сериозно кршење на законите, Милошоски треба редовно да се јавува на суд исто онака како што е редовен во правењето театар за прашања клучни за иднината на државата, се вели во соопштението на владејачката СДСМ.

Спонзорирано: