13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Лошото време и густата магла се можна причина за несреќата во која загина Коби Брајант

Лошото време и густата магла, но и низа грешки на пилотот се најверојатно причините за страшната несреќа во која синоќа загина НБА-легендата Коби Брајант заедно со својата 13-годишна ќерка Џијана Марија и уште седуммина во хеликоптерот што се урна во Калифорнија, објави „ТМЗ“, порталот кој прв ја соопшти страшната вест во јавноста.

Полициските хеликоптери на ЛАПД биле приземјени поради лошите временски услови и густата магла, но хеликоптерот со Коби и осумте труги патници, меѓу кои и пилотот, сепак, полетале вчера рано наутро по американско време за да стигнат во „Академијата Мамба“ на бившиот кошаркар на ЛА Лејкерс.

Според информациите, хеликоптерот имал проблеми над зоолошката градина во ЛА, каде кружел повеќе од 15-ина минути.

Околу 9:30 часот пилотот имал комуникација со аеродромот „Бурбанк“, кои знаеле дека хеликоптерот со Брајант кружи 15 минути во тоа подрачје, а потоа пилотот тргнал на север, завртел кон запад и почнал да се искачува над Автопатот 101 кај Вудланд Хилс. Десетина минути подоцна, кога се соочиле со уште поголема магла, „ТМЗ“ посочува дека е направена клучната грешка на пилотот. Тој го свртел курсот кон југ, а всушност тргнал кон планинско подрачје во непрегледна средина, каде се урнал.

https://youtu.be/pM1EePLnVAw

„Времето во Лос Анџелес во неделата беше исклучително магловито, па дури и воздушната поддршка за полицијата беше приземјена. Според податоците од Контролата за летање, хеликоптерот на Коби се соочил со првите проблеми над зоолошката градина во Лос Анџелес. Тој кружел најмалку шест пати, најверојатно чекајќи маглата да се расчисти. Пилотот потоа ја контактирал контролната кула на аеродромот ‘Бурбанк’, по што се упатил најпрвин на север, а потоа свртел кон запад. Во 9:40 часот маглата станала уште погуста, а пилотот свртел кон југ, што е клучно бидејќи го насочил хеликоптерот кон реон со планини. Тој го искачил леталото од 1.200 на 2.000 стапки височина, но само пет минути подоцна се удрил во планина, на височина од 1.700 стапки“, се вели во извештајот до кој дојдоа американските медиуми.

На местото на несреќата тим од 18 лица на Националната служба за безбедност на транспортот (НТСБ) бараше докази и ја пребаруваше црната кутија од хеликоптерот. Според првичните информации, по падот на хеликоптерот се случил силен пожар. Полицијата во Лос Анџелес потврди дека поради магла и намалена видливост ги приземјила своите хеликоптери во текот на раните утрински часови до попладнето. Оттаму информираа дека тоа се случува кога видливоста е минимум до три километри, а растојанието помеѓу облачниот масив и теренот е 243 метри.

Приватниот хеликоптер на Брајант се урна вчера пред 10 часот по локално време во Калабасас, околу 50 километри северозападно од Лос Анџелес, Калифорнија. Според последните податоци, во леталото се наоѓале вкупно девет лица, сите се погинати, соопшти полицијата од Лос Анџелес.

Брајант и сопатниците патувале на младински кошаркарски турнир. Помеѓу нив биле и ќерката на Брајант, Џиана, бејзбол-тренерот Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и нивната ќерка Алиса, која играла во ист тим со Џијана.

Спонзорирано: