13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Американската војска го истражува мистериозниот пад на авион во Авганистан

Американската армија соопшти дека ја истражува несреќата на пад на авион во Авганистан во област што ја контролираат талибанците.

Портпаролката Бет Риордан изјави дека е нејасно чиј авион учествувал во несреќата.

Сепак, снимките што се појавија на социјалните мрежи и наводно потекнуваат од местото на несреќата прикажуваат остатоци од авион „бомбардиер Е-11А“ што го користи американската војска за електронски надзор над Авганистан.

Во врска со овој случај кружат многубројни противречни информации, така што сè уште не се знаат бројот на жртвите и причината за несреќата.

Локалните власти известија дека авионот се урнал околу 13.10 часот по локално време во областа Дех Јак, на речиси 130 километри југозападно од главниот град Кабул.

Портпаролот на гувернерот, Ариф Нури, рече дека местото на несреќата е на територија под контрола на талибанците, а веста ја потврдија и двајца члена на покраинскиот совет.

Спонзорирано: