10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Три ракети ја погодиле Амбасадата на САД во Ирак, тројца повредени

Најмалку три лица се повредени во ракетниот напад што се случи синоќа врз американската амбасада во Багдад, јави ирачката државна телевизија, повикувајќи се на извори во ирачките безбедносни служби.

Од петте испалени ракети, три паднале директно врз зградата на амбасадата. Една од нив паднала на кантината, каде во тој момент имало вечера.

Ова е втор напад врз амбасадата во изминатите седум дена, но ова е првпат ракета да падне директно врз објектот./Makfax

Спонзорирано: