8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руски авион се врати на аеродром поради закана за бомба

Авионот на руската компанија „Аерофлот“, кој летал од градот Хабаровск на крајниот исток, кон Москва, се вратил на аеродромот по полетувањето поради закана дека во патничкото летало е поставена бомба.

„Авионот слета нормално и инспекторите ќе извршат увид“, изјави извор за безбедност за агециите.

Аеродромот во Хабаровск претходно објави дека авионот ќе се врати по извештај дека во него наводно е поставена бомба./Makfax