4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рик Фокс е жив, не бил во хеликоптерот со Коби Брајант

Откако бројни американски медиуми објавија дека заедно со кошаркарот Коби Брајант во хеликоптерската несреќа загинал и неговиот поранешен соиграч од Лејкерс, Рик Фокс, репортерот Џаред Гринберг, објави на „Твитер“ дека тоа е лажна вест.

„Лично разговарав со Рик Фокс преку пораки по веста дека загинал Коби. Ве молам прекинете да ширите ‘вести’ освен ако не ви се потврдени“, напиша тој.

Рик (50) играше во Бостoн Селтикс од 1991 до 1997 година, а потоа играше за Лејкерс до 2004 година кога се пензионира.

Коби и неговата 13-годишна ќерка Џијана загинаа вчера во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Во хеликоптерот, според последните информации од полицијата, имало девет луѓе./Makfax