3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицијата ги повика навивачите на Коби да го напуштат местото на несреќата, ја попречуваат истрагата

Фановите на Коби Брајант ја преплавиле областа близу местото на хеликоптерската несреќа во која животот го загуби легендарниот ас на НБА.

„Црната мамба“ веќе не е меѓу живите, а таа вест особено ги погоди жителите на Лос Анџелес и навивачите на Лејкерс. Градот е обоен во жолто, во дресови со броевите 8 и 24, а многу навивачи дошле и на местото на несреќата, во областа Калабасас, каде што животот го загубија вкупно девет лица.

Сето тоа ѝ направило голем проблем на полицијата во истрагата, забавувајќи ја работата за идентификација и транспорт, па затоа шерифот во Лос Анџелес, Алекс Вилануева, ги повикал луѓето да се разидат.

„Сообраќајот е отежнат, а истрагата е бавна, луѓето не можат да ја завршат својата работа. Ние сме ограничени. Луѓе, останете што е можно подалеку “, порача Вилануев, па дури и еден дел од патот што води кон делот од ридот каде што се случи фаталната несреќа беше затворен.

Шерифот им нареди на сите да одат во паркот Де Анко во Калабасас, каде што работата нема да биде нарушена. Повеќе од 400 навивачи дошле речиси на местото на несреќата и извикувале „МВП“ и „Коби“, поради што полицијата морала да реагира./Makfax