20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Официјално: Деветмина загинати во несреќата со Коби Брајант

Легендарниот НБА играч Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Имаше 41 година.

„Девет лица загинаа во несреќата. Меѓу загинатите е и неговата 13-годишна ќерка, Џана Марија Оноре Брајант. Оделе на кошаркарски натпревар. Кои се останатите загинати не е познато. Првите информации беа за петмина мртви, но на прес конференцијата која пред малку ја одржа Шерифот на округот Лос Анџелес откри дека загинале девет лица.

Извесно е дека загинал и пилотот, а во некои од американските медиуми проструи и името на Џон Алтобели, бејзбол тренер на колеџот Оринџ Коуст, и неговата ќерка, која била другарка на Џана Марија.

Официјалните претставници од полицијата не сакаа да изнесуваат повеќе информации додека не биде завршена целосната идентификација на жртвите.

Спонзорирано: