5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кинеските туристи од Вухан денеска ќе пристигнат во Сараево

Кинеските туристи од градот Вухан, од каде што се појави смртоносниот коронавирус, преноќија во Неум и денеска ќе стигнат во Сараево, потврдиле од Министерството за здравство на Босна и Херцеговина.

„Тие преноќија во Неум, и денеска во текот на денот ќе стигнат во Сараево каде ќе преспијат и утре ќе ја напуштат Босна и Херцеговина. Ги преземаме сите мерки кои се спроведуваат и во другите европски земји. Нема никакви рестрикции во однос на патувањата, протокот на стока и луѓе е слободен“, рекол за Н1 портпаролот на Министерството, Златан Першиќ.

Додал дека вчера, пред да влезе групата во БиХ, на граничниот премин биле спроведени сите мерки.

„Мерките подразбираат дека луѓето кои доаѓаат од Вухан се информирани и добиваат упатства што да прават ако добијат некои од симптомите на болеста. Тие се исти мерки кои се преземаат и во другите земји. На граничниот премин вчера е спроведено сè што треба и никој ги нема симптомите на болеста“, рекол Першиќ.

Кинеските туристи во БиХ стигнаа од Хрватска. Тие поминале здравствен преглед на аеродромот во Милано и никој немал симптоми на болеста./Makfax

Спонзорирано: