10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Калифорнија: Ќе бидат потребни неколку дена за да се извлечат телата од непристапниот терен каде што се урнал хеликоптерот

Властите во округот Лос Анџелес соопштија дека може да потрае неколку дена за да се извлечат телата од местото на несреќата, бидејќи хеликоптерот се урнал во непристапен и опасен терен.
Во страшната несреќа синоќа загина НБА-легендата Коби Брајант заедно со својата 13-годишна ќерка Џијана Марија и уште седуммина во хеликоптерот што се урна во Калифорнија. Идентитетот на сите загинати во несреќата не е соопштен.

Дарил Озби, началник на противпожарната единица во округот Лос Анџелес, изјави дека местото на несреќата е тешко за пристап и дека пожарникарите морале да се искачуваат до местото на несреќата. Медиумите пишуваат дека не е познато колку патници било одобрено да се превезуваат во хеликоптерот и дека засега не е познато дали тој бил преоптоварен./Makfax

Спонзорирано: