21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американската војска го истражува мистериозниот пад на авион во Авганистан

Американската армија соопшти дека ја истражува несреќата на пад на авион во Авганистан, во област што ја контролираат талибанците.

Портпаролката, Бет Риордан, изјави дека е нејасно чиј авион учествувал во несреќата.

Сепак, снимките кои се појавија на социјалните мрежи и наводно потекнуваат од местото на несреќата, прикажуваат остатоци од авион „Бомбардиер Е-11А“ што го користи американската војска за електронски надзор над Авганистан.

Локалните авганистански власти претходно соопштија дека станува збор за авионска несреќа на националниот авиопревозник „Аријана ерлајнс“ чиј авион се урнал на подрачјето на талибанците. Сепак, во објавата на „Фејсбук“ од „Аријана ерлајнс“ објавија дека ниеден од нивните авиони не се урнал.

Во врска со овој случај кружат бројни противречни информации, така што сè уште не се знае бројот на жртвите и причината за несреќата.

Локалните власти известија дека авионот се урнал околу 13:10 часот по локално време во областа Дех Јак, на околу 130 километри југозападно од главниот град Кабул.

Портпаролот на гувернерот Ариф Нури рече дека местото на несреќата е на територија под контрола на талибанците, а веста ја потврдија и двајца членови на покраинскиот совет./Makfax

Спонзорирано: