12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трет случај на корона вирус во САД

Во Соединетите Американски Држави е забележан трет случај на корона вирус, кај пациент кој пристигнал во Калифорнија од кинескиот град Вухан, епицентарот на епидемијата, соопшти денеска Американскиот центар за контрола на заразни болести.

Пациентот, наводно, е изолиран во болница и е во добра здравствена состојба,

Претходните два случаи со заразени од вирусот беа откриени во Вашингтон и Чикаго.

Тројцата патувале во Кина.

Центарот очекува повеќе Американци да бидат заразени со корона вирус, за кој се верува дека има период на инкубација од две недели./Makfax

Спонзорирано: