Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Се знае каде патувал Коби Брајант со неговата ќерка Џиџи

„Си-Ен-Ен“ објавува каде патувал Брајант со својата ќерка, а за жал никогаш не стигнале на дестинацијата.

Тој требало да оди на турнир и да ја води женската екипа во која играла неговата ќерка Џиџи.

Организаторите на турнирот потврдија дека Брајант го очекувале еден час пред почетокот на мечот, но сите биле изненадени кога дознале што се случило.

Брајант како што објавивме претходно, загина во хеликоптерска несреќа денеска во Калифорнија. Светот е во шок.