12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина ја забрани трговијата со диви животни поради вирусот

Кина ја забрани трговијата со диви животни на пазарите, супермаркетите, рестораните и интернет просторот заради појавата на корона вирусот, соопшти Министерството за земјоделство и Бирото за шумарство.

Сите места за одгледување диви животни треба да бидат изолирани и нивниот транспорт да биде забранет, се вели во соопштението.

Забраната е на сила од денес.

Вирусот, кој инфицираше над 2.000 луѓе ширум светот и остави 56 луѓе мртви во Кина, е откриен на рибниот пазар во Вухан, каде илегално биле продавани и диви животни./Makfax

Спонзорирано: