21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-Народна со поддршка за измените со кои се забранува увоз на отпад

ВМРО-Народна партија упатува поддршка за предлог законските измени со кои се забранува увоз на отпад кој би се корител како енергенс во производството.

ВМРО-Народна партија смета дека ваквите измени мора да се донесат час поскоро, поради немањето адекватна контрола како во државите од Европската Унија, но и поради досегашната неконтролирана употреба.

„Ситуацијата е алармантна. Во иднина да не се дозволи свесно да се загадува воздухот испуштајќи штетни честички при процесот на преработка над законски дозволената количина“, велат од партијата.

Воедно ВМРО-Народна партија апелира до сите политички субјекти безрезервно да го поддржат овој предлог и конечно да се стави крај на самоуништувачкиот процес во однос на загадувањето на животната средина./Makfax

Спонзорирано: