15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ужасот затропа на нашите врати: Корона вирусот стигна во Европа, двајца заразени во Франција

Две лица се заразени со корона вирус во Франција, потврди тамошната министерка за АФП.

Француската министерка за здравство, Агнес Бузин, изјави дека во Франција се пријавени два случаи на инфекција од корона вирус.

Еден од случаите е потврден во Бордо, а друг близу Париз, пренесува „Индипендент“.

Бројот на заразени со новиот вид корона вирус во централна Кина се искачи на повеќе од 800 лица, а 26 починаа.

Кинеската провинција Хубеј, во која се појави вирусот, побара поголема финансиска помош од државните власти. Досега, јавниот превоз е суспендиран во 11 градови во провинцијата.

Градот Вухан ја забрза изградбата на новата болница со илјада кревети за болните.

Новиот вирус припаѓа на групата вируси што предизвикуваат САРС, болест од која загинаа 800 луѓе ширум светот пред 17 години и исто така започна да се шири од Кина.

Во САД регистриран е втор случај на инфекција со корона вирус, соопшти денеска американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Спонзорирано: