12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото mfa.gov.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Никола Димитров му врати на Александар Николовски: Нема поголема гротеска и дрскост кога овие од злосторничкото здружение клеветат за меѓународна изолација

Министерот за надворешни работи Никола Димитров му врати на Александар Николовски:

Нема поголема гротеска и дрскост кога овие од злосторничкото здружение клеветат за меѓународна изолација. Читам и не ми се верува.

Александар Николовски вели дека годинава немало никој од власта во Давос, на Светскиот економски форум. Напиша и излажа.

На покана на претседателот на оваа организација Бренде, не само што учествував на Светскиот економски форум, туку како единствен МНР од нашиот регион бев и говорник на специјалната сесија за Балканот, заедно со премиерите на Хрватска, Бугарија, Словенија, претседателите на Србија и на Косово и МНР на Турција и на Шведска. Објавивме и официјално соопштение и фотографии.

За некои области, како што е надворешната политика, здружението да беше мудро ќе си седеше мадро 😊, вели Димитров.

Спонзорирано: