18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лицето кое по грешка го собори украинскиот авион е во затвор

Лицето по чијашто грешка беше соборен украинскот патнички авион од страна на иранската војска, се наоѓа во затвор, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф.

„Лицето кое по грешка собори украински авион во Иран, денес е во затвор“, рече Зариф, кој го спореди инцидентот со падот на иранскиот авион што беше соборен во 1988 година од вооружените сили на САД.

„Вашингтон досега официјално не се извини за инцидентот. Дури и офицерот кој учествуваше во тој напад беше одликуван“, рече Зариф.

Авион на украинска компанија се урна неколку минути по полетувањето од аеродромот во Техеран на 8 јануари, пришто загинаа 176 лица, меѓу кои и граѓани на Авганистан, Германија, Иран, Канада, Украина, Велика Британија и Шведска.

Иранскиот генералштаб во изјава на 11 јануари призна дека авионот бил урнат по грешка./Makfax

Спонзорирано: