8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ужас во Германија: Шест лица загинаа во напад

Шест лица се убиени, а неколку повредени во пукање во градот Рот ам Зе, во југозападна Германија, потврди полицијата.

Осомничениот е уапсен непосредно по пукањето, што се случило нешто пред 13 часот по локално време, во близина на градската железничка станица.

Полицијата соопшти дека се верува оди нападот го извршило само едно вооружено лице.

„Според нашите информации, шест лица загинале, а неколку се повредени“, изјави портпаролот на полицијата, Ален Рудолф Билмајер, за германските медиуми.

Билмајер рече дека првите информации укажуваат оти осомничениот, германски државјанин, познавал една или повеќе од жртвите.

„Некои од жртвите се членови на исто семејство“, додаде тој.

Полицијата најави дека ќе соопшти повеќе информации на прес-конференција подоцна во текот на денот, објави АП.

Рот ам Зе се наоѓа на околу 170 километри северозападно од Минхен и на 135 километри југоисточно од Франкфурт.

Спонзорирано: