4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Откриен изворот на коронавирусот? Се повеќе се сомнева на супа од лилјак!

Според најновите вести, изворот на вирус кој ја зафати цела Кина и предизвика паника низ светот, можеби се кинески краит и кинеска кобра, како и супа од лилјак. Кинески краит е исклучително отровен вид на змија која се наоѓа во поголемиот дел од централна и јужна Кина и југоисточна Азија, пишува Си-Ен-Ен.

По деталната анализа прифатено е дека новиот коронавирус сепак може да потекнува од змија. Тие во дивината често ловат лилјаци, а докажано е дека змиите од семејството на отровни влекачи се продавале на пазарот кој е извор на зараза во Вухан па така се развила теорија дека преминал од лилјак на змија, а потоа на човекот. Сепак не е јасно како вирусот може да се прилагоди и на топлокрвни и ладнокрвни животни. Да се потврди теоријата треба да се извршат темелни анализи над животните кои се продаваат на пазар и змиите и лилјаците од дивината.

-Засега се знае дека патот на преносот е преку капки, затоа што станува збор за болести на дишните органи, но не може да се исклучат и останатите преноси, ниту полов, нити пренос преку крв, вели доктор Каиќ.

Инаку прв случај на зараза е забележан во Сингапур. Откако во декември за првпат беше известено за нов вирус во провинцијата Хебеи, односно градот Вухан, сега тој се прошири скоро на сите кинески покраини.

Случаи на заразени се пријавени и во Јапонија, на Филипини, во Јужна Кореја, на Тајван, во Тајланд, САД, а Кина денес ги засили мерките на сузбивање на ширење на коронавирусот од кој досега починаа 25 луѓе, а 800 се заразени. Јавниот превоз е запрен во десет градови, затворени се храмовите и итно се опремува нова болница за лечење на заразените.