10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Швајцарија во чест на Ајнштајн го искова најмалиот златник во светот

Швајцарија искова толку мал златник што треба да се погледне од многу блиску за на него да се забележи ликот на физичарот Алберт Ајнштајн, кој се плази кон гледачот, пренесува агенцијата АП.

Швајцарската државна ковачница соопшти дека овој златник, со пречник од 2,96 милиметри, е најмалиот во светот. Тежина на кованата паричка е само 0,063 грама и има номинална вредност на една четвртина од швајцарскиот франк.

Од ковачницата информираат дека ваква паричка од вкупно 999 направени, ќе се продава по цена од 199 франци со специјална лупа, така што сопствениците ќе можат во секое време да го погледнат ликот на познатиот физичар, на аверсот од минијатурниот златник./Makfax

Спонзорирано: