5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ИНТЕРВЈУТОП ВЕСТИ

Интервју со доктор Наум Костојчиновски од Клиниката за уво, нос и грло: Подобрувањето на условите за работа и вреднувањето на трудот на лекарите од страна на Министерството за здравство ми влева оптимизам и мотивација да останам во мојата земја

Интервју на Македонската новинска агенција Centar.mk со д-р. Наум Костојчиновски од Клиниката за уво, нос и грло:

1. Од кога знаевте дека вашата професионална определба ќе биде доктор?
За да се биде лекар, неопходно е да се поседува интуитивност, сочувство и емпатија кон другите. Само така може да се оствари сонот за докторска професија. Овие особини ги открив кај себеси следејќи ја сопствената амбиција. Со самото запишување во средното медицинско училиште и како полека навлегував во тајните на медицината, за мене освен медицината друга професија немаше смисла. Тоа е еден момент од животот кога ќе ти проблесне чувството дека токму медицината и помагањето на болните и нивната насмевка е најголема награда за еден доктор.

2. Зошто се решивте да специјализирате токму на Клиниката за уво, нос и грло?
Хирургијата на глава и врат за мене отсекогаш беше предизвик, каде треба да се вложи многу труд и таму и мала грешка не се простува и може и да биде фатална. Аудиологијата и неуроотологијата и евалуација на оштетувањата на слухот како кај децата така и кај возрасните пациенти, имплантирање слушни помагала за подобрување на квалитетот на живот, за мене претставува посебен предизвик за овие пациенти да не останат да живеат во светот на тишината.

3. Како сте задоволен од условите за специјализација и колку оваа работа ве исполнува?
Многу сум задоволен од условите за специјализација, има добри услови за квалитетна стручна едукација, и самото тоа ми дава поттик се повеќе стручно да се усовршувам а тоа во целост ме исполнува и како доктор и како личност, а секој добро дијагностициран и излекуван пациент е моја лична сатисфакција.

 

4. Кој посебен момент би го издвоиле од пристапот кон пациентите?
Нашата работа е динамична и бара многу откажувања, но стекнатата доверба на пациентот кон докторот и задоволството од неговото успешно лекување е еден од најбитните моменти во практикувањето на лекарската професија.

5. Колку сте задоволни од соработката со колегите на Клиниката?
Од соработката со колегите на Клиниката за уво нос и грло и хирургија на глава и врат сум многу задоволен особено соработката и едукацијата од страна на професорите, колегите специјалисти и секако анестезиолозите, кои несебично ни го пренесуваат своето знаење и искуство. Се работи со тимски пристап за третман на болестите каде се имплементираат најновите протоколи за лекување. Секојдневната едукација резултира со тоа да бидеме подобри доктори, а самото тоа да имаме задоволни пациенти.

6. Кои се вашите идни планови и цели?
Мојата професија зборува за предизвиците, мотивацијата, радоста на успехот, насмевката на пациентот, успешно завршената хируршка интервенција, што значи олеснување на болката на еден човек ми дава надеж за поинтензивно истражување, примена на нови методи и континуирана едукација за на крајот да се постигне целта да се биде подобар човек. Подобрувањето на условите за работа и вреднувањето на трудот на лекарите од страна на Министерството за здравство ми влева оптимизам и мотивација да останам во мојата земја, каде што лекарската професија не треба да биде само позив, туку и начин на живот константно посветен на медицината и на пациентите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Тренчевска во интервју за МРТВ: Со Сојузот на синдикатите на Македонија денеска ќе разговараме за зголемување на минималната плата на 18.000

M T

Новинарката која направи интервју со талибански претставник, ја напушти земјата

M T

Рама: Ќe примиме 4.000 Авганистанци – јас сум католик, жена ми е муслиманка, а двете деца се православни

M T

Новинарка интервјуираше талибанец иако жените се повлечени од телевизиите

M T

Маричиќ за Еуроњус: Северна Македонија и Албанија се повеќе од подготвени за почеток на преговорите со ЕУ

M T

Забрчанец: Нема веќе подредени и привилегирани медиуми, ниту нарачани вести

CENTAR MKD