23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германската полиција шокирана од состојбата на српски автобус кој со патници стигнал до Берлин

Германската полиција објави дека запрела автобус што одел кон Србија, и останала во шок поради состојбата на возилото кое го исклучиле од сообраќај.

Зарѓана каросерија, неисправни сопирачки и управувачки систем – автобусот бил подготвен за отпад, јавуваат германските медиуми.

Возилото било запрено на централната автобуска станица во Берлин.

Медиумите исто така објавиле дека автобусот патувал 1,3 милиони километри и дека дупките во возилото биле пополнети со градежна пена./Makfax

Спонзорирано: