18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Уапсени руски шпиони во Давос

Швајцарската полиција во август уапсила двајца руски разузнавачи во Давос, под сомнение дека планирале подготовки за шпионски активности за време на Светскиот економски форум.

Како што пренесуваат швајцарските медиуми, уапсените Руси имале дипломатски пасоши и набрзо по апсењето биле пуштени, пишува Би-би-си и додава дека еден од нив се претставил како водоинсталатор.

Руската амбасада во Берн соопшти дека медиумите се обидуваат да напарават скандал од ништо и дека за инцидентот разбрале од медиумите, како и дека немаат податоци дека двајца руски државјани биле испитани во август.

Форумот во Давос беше отворен вчера. Како што се наведува, полицијата на кантонот Граубунден понала да се сомнева кога добила информации дека двајца Руси планираат да останат во Давос три недели, но не е објаснето кои шпионски операции ги обавувале тие двајца./Makfax

Спонзорирано: