13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Коста Петров: Ерата на неказнивост завршува!

Фејсбук статус на потпретседателот на СДСМ, Коста Петров:

Одлична трибина на тема воздух во Тетово. Немаме време за губење.
Мораме сите заеднички да работиме на долгорочно решение.
👉Сега е потребно сите заеднички да го создадеме македонскиот “green deal”.
👉Загадувачите мора да се казнат! Ерата на неказнивост завршува!
👉Буџетот на МЖСПП мора да се зголеми! Со ова процесот на трансформација на јавните објекти и домаќинствата на незагадувачко греење ќе биде побрз.
👉 Повеќе инспектори на терен за да се спречува палења на стрништа, горење кабли за бакар, недозволено фрлање отпад..
👉Воведување на постојана 24 часовна контрола на загадувачите и сите мали и средни капацитети од страна на државниот инспекторат за животна средина и локалните инспекторати, во соработка со граѓанскиот сектор преку воспоставување на граѓански зелени еко патроли.
👉Вонредни контроли на сите издадени интегрирани еколошки дозволи и лиценци во животната средина, со особен акцент на загадувањето на воздухот и управувањето со отпад (собирање, фрлање, палење…)
👉 Поголеми инвестиции во животната средина за да им помогнеме на граѓаните да ги реновираат своите домови со што би трошеле помалку енергија, за да ја поддржиме индустријата да биде лидер во зелената економија, да имаме поефтини и поздрави форми на јавен превоз и алтернативен транспорт, да произведуваме енергија која нема да влијае на климатските промени…
👉Постепена забрана за користење на нееколошки енергенски во јавните институции идомаќинствата (јаглен, мазут, нафта, масло)
👉Целта е до крајот на 2025 година минимум 60% од тежината на отпадот од пакувањето што е создаден на територијата на Македонија да се преработи или да се употреби за добивање енергија, а до крајот на 2025 година минимум 55%, а максимум 80% од тежината на отпадот од пакувањето што е создаден и собран на територијата на Македонија да се рециклира.
👉До 2024 сите јавни институции ги префрлуваме на еколошки начин на греење.

✊✊✊

Спонзорирано: