19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Кина: Новиот вирус мутира, расте бројот на починати

Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус од кои деветмина починале. Се прецизира дека сепак досега немало доказ оти вирусот брзо се шири.

Вирусот почнал да мутира со што им отежнува на здравствените работници да го контролираат.

Епидемијата се шири во градовите Пекинг и Шангај, со потврдени случаи во Тајланд, Јужна Кореја, Јапонија, Тајван и Макао. Соединетите држави потврдија прв случај на вирусот, наведувајќи дека жител на државата Вашингтон кој се вратил од кинеската провинција Вухан, каде што најпрвин е регистрирана инфекцијата, бил хоспитализиран во Сиетел.

Светската здравствена организација (СЗО) ќе одржи итен состанок по повод новиот корона вирус. „Веќе е регистрирано пренесување на вирусот и инфекцијата од човек на човек. Докажано е дека болеста се пренесува преку респираторниот тракт и оти вирусот мутира“, изјави директорот на Националната здравствена комисија Ли Бин.

Сите деветмина од починатите пациенти се од покраината Хубеи, која е најпогодена. Властите ги повикуваат граѓаните да избегнуваат јавни собири.Новиот вирус е од групата вируси што предизвикуваат САРС, болест од која во 2002 и 2003 година починаа 800 луѓе во целиот свет./Makfax

Спонзорирано: