7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грција по првпат доби претседателка

Грчкиот парламент ја избра поранешната претседателка на Врховниот суд во Атина, Катерина Сакеларопулу, за прва жена претседател на Грција, јави грчки „Катимерини“.

Сакеларопулу доби поддршка од 261 пратеник во грчкиот парламент, од вкупно 300.

Таа беше поддржана од пратениците на владејачката „Нова демократија“, најголемата опозициска партија СИРИЗА, како и опозициското Движење за промени (КИНАЛ).

Сакеларопулу ќе ја преземе функцијата на 13 март, кога истекува мандатот на сегашниот грчки претседател, Прокопис Павлопулос.

Мандатот на претседателот е пет години.

Во Грција, претседателот се избира на индиректни избори, во парламентот./Makfax

Спонзорирано: