13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Паника во светот поради новиот вирус, ригорозни контроли на аеродромите и железничките станици

Земјите во Азија и другите делови на светот почнаа со проверки на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатиштата. Проверките се вршат поради сомневање дека ќе бидат пронајдени луѓе што го имаат новиот корона вирус за кој се верува дека се проширил од Вухан во централна Кина и од кого се разболеа повеќе од 200 луѓе во таа земја.

Потврдата дека болеста може да се пренесе од човек на човек ги зголеми стравовите поврзани со заболување бидејќи милиони Кинези патуваат за Лунарната Нова година, пренесе АП.

Мерките се дел од напорите за спречување на повторното појавување на епидемијата САРС од 2002 и 2003 година, вториот корона вирус што започна во Кина и усмрти речиси 800 луѓе, го парализира транспортот и ја оштети азиската економија.

Еден случај на заболен е откриен во Јапонија поради што земјата ќе побара од посетителите да бидат проверени на аеродромите и другите влезни точки бидејќи очекуваат голем број посетители од Кина за Лунарната Нова година.

Австралиските власти исто така соопштија дека еден маж е во карантин кога добил респираторна болест по патување во Вухан, но дека сега закрепнува.

САД почнаа со прегледи на патниците на летовите од Вухан, кои пристигнуваат на меѓународните аеродроми „Џон Кенеди“, „Сан Франциско“ и „Лос Анџелес“, трите главни аеродроми во САД.

Засилени мерки проследени со дополнителни чистења и дезинфекции на авионите и возовите, како и на железничките станици и аеродромите, се преземени и во Хонгконг, Јужна Кореја, Русија и други.

Спонзорирано: