4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Новиот шпионски дрон на НАТО може да ѕирка во Русија

Новите стратешки беспилотни летала на НАТО, „Глобал хоук“, може да ја следат ситуацијата на територијата на Русија од територијата на НАТО, пренесува норвешкиот весник „Верденс ганг“.

„Дроновите ќе летеаат над територијата на НАТО, но може да го забележат и она што се случува далеку зад границите на соседната земја“, изјави генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг, во интервју за весникот.

Според Столтенберг, тие летала му обезбедуваат на НАТО единствена предност што ја немаат Русија и Кина.

Беспилотните летала, кои претставуваат нова верзија на американските дронови „Глобал хоук“, може да останат во воздух 30 часа без да дополнуваат гориво. Нивните сензори и радари од висина од 18 километри може да забележат сè што се случува во досег од 200 км.

Две летала во моментот се тестираат на италијанскиот остров Сицилија, а во текот на годината во Италија ќе бидат однесени уште три дрона. НАТО купи вкупно 10 беспилотни летала „Глобал хоук“.