11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран призна дека врз украинскиот авион биле испалени две ракети

Иран денеска призна дека неговите воени сили испалиле две ракети земја-воздух ТОР-М1 врз украинскиот авион, неколку минути по неговото полетување на почетокот на јануари.

Новиот прелиминарен извештај од иранското цивилно воздухопловство не кажува дека ракетите се виновни за соборувањето на „боинг 737“ со 176 патници и членови на екипажот, пренесува АП.

Во меѓувреме, Иран побара од американските и француските власти опрема за да ги извлечат податоците од црните кутии на украинскиот авион, бидејќи нема таков капацитет.

„Досега, овие земји не дадоа позитивен одговор на испраќање опрема во Иран“, соопшти Иранскиот орган за цивилно воздухопловство.

Канада, чии граѓани беа убиени при соборувањето на авионот, смета дека црните кутии треба да ги анализира Франција како една од ретките земји што можат да ја направат таа анализа/Makfax

Спонзорирано: