20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Судир меѓу демонстрантите и полицијата на протестите во Бејрут

Либанските безбедносни сили во Бејрут користат водени топови против демонстрантите што фрлаат каменици веќе втор ден по ред.

Тоа се едни од најтешките судири меѓу полицијата и демонстрантите откако започнаа демонстрациите против владејачката елита во октомври.

Судирот ескалираше во близина на парламентот, еден ден откако беа повредени повеќе од 370 лица, што е најголем број жртви од почетокот на протестите.

Либанските политичари не успеаја да се договорат за новата влада или план за спасување на економијата, откако Сад ал-Харири поднесе оставка на местото премиер во октомври поттикнат од протестите против корупција во земјата и лошо управување.

Демонстрантите извикуваа „Револуција“, а дел од нив ги каменуваа безбедносните сили./Makfax

Спонзорирано: