9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Њујорк тајмс“ поддржа две кандидатки од Демократската партија за претседател

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ ги поддржа сенаторката Ејми Клобучер и Елизабет Ворен за демократска претседателска номинација, а ова е првпат да избере двајца кандидати.

Изборот на овој либерален весник се случува на само неколку недели во пресрет на изборот за претседателска номинација во Ајова, на 3 февруари, со што официјално почнуваат претседателските избори.

„Тајмс“ ја опишува сенаторката Ворен од Масачусетс како „радикален“, а сенаторката Клобучер од Минесота, како „реалистичен“ избор.

„Во тек е темелна дебата меѓу двете визии, кои би можеле да ја дефинираат иднината на Демократската партија, а можеби и на земјата“ пишува уредничкиот колегиум на весникот./Makfax

Спонзорирано: