10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка во Струмичко

Еден загинат и двајца тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне кај крстосницата „Габровски водопади“ во близина на с.Габрово, струмичко.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила кога 38-годишниот возач, изгубил контрола над автомобилот „бмв“ и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.Д.(33) од с.Моноспитово, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица, каде починал. Со телесни повреди се здобил возачот и уште двајца сопатници, М.Г.(36) и С.С.(35), двајцата од с.Моноспитово, кои биле пренесени во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Струмица./Makfax

Спонзорирано: