Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Малолетник во Америка со пиштол убил жена и три деца

Момче вооружено со пиштол убило три деца и една жена во дом во американската сојузна држава Јута, во петокот вечерта, додека петто лице е повредено и завршило во болница, јави „Еј-би-си њуз“.

Пукањето се случило во мирна населба во градот Грентсвил, посочи телевизискиот канал.

Полицијата сè уште се обидува да открие кој е кој во овој инцидент и што точно се случило за време на пукањето во петокот навечер. Инспекторите веруваат дека жртвите се роднински поврзани, а полицијата одби да објави какви било информации за напаѓачот освен дека е малолетник. Властите исто така соопштија дека сè уште не е утврден мотивот за нападот.

Полицијата добила повик за пукање и пристигнала на местото на настанот околу 7 часот навечер. Кога пристигнале, нашле тела на две девојчиња, едно момче и една жена. Напаѓачот и преживеаната жртва не биле во куќата. Подоцна откриле дека по пукањето, во куќата дошол маж кој преживеаната жртва и момчето што пукало ги пренел во болница.

Полицијата го уапсила момчето и го одвела во центар за притвор на малолетни лица, додека повредениот во моментов е во болница и е во стабилна состојба. Лицето кое ги однело во болница немало никаква врска со пукањето.

Момчето се соочува со 10 обвиненија, од кои најсериозно е она за тешко убиство./Makfax

Loading…


Во тренд…