15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање во САД: Убиени четири лица, еден ранет

Четири лица загинаа, а едно е повредено во пукање што се случи во американската сојузна држава Јута, соопшти полицијата. Пукањето се случило во градот Грантсвил, а осомничениот напаѓач е уапсен.

Повредениот бил згрижен во болницата, јавува Си-ен-ен. Полицијата соопшти дека имало еден напаѓач, но неговиот идентитет, како и имињата на жртвите, не е објавен.

Не е познато дали тие се поврзани на кој било начин, или кој е мотивот за нападот.Грантсвил е град со околу 11.000 луѓе и се наоѓа на околу 60 километри од Солт Лејк Сити./Makfax

Спонзорирано: