18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека ќе го разгледаат писмото со оставката на премиерот.

„Бев во позиција да ја исполнувам програмата на претседателот. Тој за мене е пример на отвoреност и демократија“, наведува Хончарук во објавата на социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Меѓутоа, за да избегнам какви било сомнежи во врска со почитувањето и довербата во претседателот, напишав писмо со оставка и му го предадов, со право да го поднесе во парламентот“, појасни Хончарук./Makfax

Спонзорирано: