15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Мистерија: Биле врзани и удирани со дрвени стапови и библии – Во секташки ритуал убиени 7, а измачувани 14 луѓе

Седум луѓе се убиени, а 14 биле изложени на мачење во еден верски ритуал одржан во џунгла во Панама. За време на ритуалот десет водачи ги опколиле луѓето, ги мачеле, тепале, палеле и сечеле со мечеви за да се „покајат за своите гревови“.

Тоа се случило на оддалачен ранч, каде што е направена импровизирана црква на малку познатата секта Нова божествена светлина, а кога стигнала полицијата со хеликоптери, успеала да спаси 14 члена на автохоната група Нгабе Бугле, кои биле врзани и удирани со дрвени стапови и библии.

На два километра од ранчот локалните власти пронашле тела на шестмина деца и една возрасна бремена жена, а се додава и дека еден од осомничените бил дедо на убиените деца.

Како што се наведува, се работи за релативно нова секта во таа област и се смета дека дејствувала приближно три месеци. Нгабе Бугле е најголема доморотска група, а областа во која живеат е толку многу оддалечена што повредените морало да бидат транспортирани со хеликоптер.

Спонзорирано: