10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Масовни протести – Црна Гора ги брани верските објекти

Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираа против Законот за верската слобода. Црногорскиот митрополит Амфилохие, кој ја предводеше поворката во Тиват, повика на повлекување на законот.

„Нека падне овој закон за безаконие или нека падне владата што го донесе“, порача тој.

Литии во знак на протест поради законот беа одржани и во Подгорица, Пљевла, Никшиќ, Жабљак, Бар, Плужина, Беране и Бело Поле. Законот за слобода на вероисповед беше усвоен на крајот на минатата година. По изгласувањето на законот во Парламентот избија немири, при што беа уапсени 18 членови на просрпскиот опозициски сојуз, а против тројца се покрената кривични пријави. Оттогаш илјадници луѓе протестираат, како во Црна Гора, така и во Србија и Република Српска.

Најспорна одредба во законот се однесува на проверка на легитимноста на сопственоста на верски објекти. Законот предвидува дека верските објекти и земјиштето изградени или стекнати од јавните приходи на државата или во сопственост на државата до 1 декември 1918 година ќе станат државен имот, освен ако не постојат докази за сопственост на верската заедница на оние објекти што денес ги користат или се регистрирани како сопственици./Makfax

Спонзорирано: