4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Американски бизнисмен тврди: Министерот за правда знаел сè за аферата на Трамп во Украина

Во интервјуто за „Ем-си-ен-би-си“ американскиот бизнисмен со украинско потекло Лев Парнас истакнал дека Доналд Трамп и другите републикански лидери знаеле сè за притисокот што се вршел врз Украина, за да се компромитира Џо Бајден, поранешен потпретседател на демократите и кандидат на претседателските избори во 2020 година.

Парнас истакнал дека Доналд Трамп лажел кога рекол дека не го познава. „Не бевме пријатели , но тој знаеше кои сме, особено кој бев затоа што многупати бев во контакт со него“, рече Парнас.

Трамп вчера повтори дека не го познава Парнас. „Не го познавам. Мислам дека не сум разговарал со него“, рече американскиот претседател, признавајќи дека можеби се сликал со него.

Парнас додаде дека од почетокот е јасно дека притисокот врз Украина е во целост насочен кон загрозување на изгледите на Џо Бајден на претседателските избори, а не за борба против корупцијата, што е главниот аргумент на Доналд Трамп.

Во интервју за „Њујорк тајмс“ и Си-ен-ен Парнс истакнал дека некои лидери на републиканците биле свесни за овие притисоци, повикувајќи се на широк спектар на луѓе околу претседателот, вклучувајќи го секретарот за правда Вилијам Бар, калифорнискиот претставник Девин Нунс, друг член на Комисијата за разузнавање на куќата и уште две лица поврзани со финансирање на кампањата за реизбор на Трамп.

Парнас, заедно со Игор Фруман, исто така американски државјанин со украинско потекло, е обвинет дека го криел странското потекло на донациите добиени во 2018 година за изборни кампањи, а особено тоа потекло од 325.000 американски долари платени за изборната кампања во мај 2018 година на Доналд Трамп./Makfax