11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Белград разбиена мрежа за проституција, уапсени 22 лица

Во полициска акција во Белград вчера биле уапсени 22 лица под сомнение за проституција.

Меѓу уапсените се и пет девојки кои тврдат дека немаат врска со проституција, туку нивната улога била како секретарки да договараат состаноци со клиентите.

Според српски „Блиц“, уапсените биле поделени во две групи за соработка.

Во првата група биле 14 лица на возраст меѓу 61 и 24 години.

Втората, пак, ја сочинувале осум лица на возраст меѓу 45 до 32 години.

Главни организатори на работата на двете групи биле Горан С., ианку белградски полицаец и уште две лица.

Групите биле организирани до таква мера што имале менаџери, oбезбедување што стоело пред становите каде се одвивале оргии, како и детални записи за секоја исплата и ценовник за сите услуги.

Бизнисот го воделе толку долго што неодамна прославиле 15 години успешна работа. Тие ги рекламирале своите услуги во огласи на кои се јавувале заинтересираните клиенти. За да не бидат откриени, работеле под прекари, пишува „Блиц“.

Полицијата запленила и голема сума пари, 176 мобилни телефони, 12 лаптопи, како и документација за работењето што ја чувале членовите. Пронајдена е и помала количина на дрога и муниција, како и четири возила користени во извршените деликти./Makfax

Спонзорирано: