21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Спасено девојче од Пакистан кое 18 часа било затрупано со снег

Едно 12-годишно девојче е пронајдено живо откако лавина ја погодила нејзината куќа во Пакистан и откако 18 часа било затрупано со снег.

Самина Биби кажува дека врескала и викала за помош додека лежела заробена во собата под снег и по некое време мислела дека ќе умре. Од устата ѝ течела крв и едната нога ѝ била скршена.

Нејзината мајка Шахназ Биби рече дека семејството било собрано околу огништето кога куќата ја погодила лавина.

„Не го слушнавме татнежот. Сето тоа се случи во еден момент“, изјавила мајката на Самина, која веќе изгубила надеж дека спасувачите ќе ја најдат нејзината ќерка жива, пренесува Би-би-си.

Но, службите за спасување сепак успеале да стигнат до 12-годишната Самина, која потоа била пренесена во болница. Неколку членови на нејзиното семејство немале толку среќа, тие загинале во лавината./Makfax

Спонзорирано: