3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Седум членови од Претставничкиот дом ќе го водат случајот против Трамп во Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес испрати резолуција за отповикување на претседателот Доналд Трамп до Сенатот. Со тоа се создадени услови за почеток на судењето на шефот на Белата куќа во горниот дом на парламентот.

Трамп е обвинет за злоупотреба на функцијата и за опструкција на Конгресот во врска со наводите дека вршел притисок врз Украина да покрене истрага против неговиот политички ривал Џо Бајден, можен кандидат на демократите на претседателските избори на 3 ноември годинава и оти за возврат ја стопирал испораката на воената помош на Киев. Конгресмените усвоија и список на таканаречени обвинители кои на судењето во Сенатот ќе го застапуваат Претставничкиот дом.

Спикерката Ненси Пелоси назначи седум членови од Претставничкиот дом кои ќе го водат случајот против претседателот Трамп на распитот во Сенатот, кој се очекува да почне следната недела. Станува збор за разновидна група на законодавци во кои се вклучени претседавачот со конгресната комисија за разузнавање Адам Шифт и претседавачот со конгресната комисија за праводудство Џери Надлер. Други членови се Силвија Гарсија, Хаким Џефрис, Зои Лофгрен, Џејсон Криу и Вал Демингс.

Пелоси претходно на приватен состанок разговараше со демократите за процедурата за импичмент, речиси еден месец откако Претставничкиот дом изгласа Трамп да биде отстранет од функцијата по две основи – злоупотреба на моќта и опструкција на Конгресот.

„Американските граѓани ја заслужуваат вистината и Уставот бара сослушување“, соопшти Пелоси.

Гласањето отвори пат Сенатот да го почне сослушувањето најрано оваа недела, иако првите сослушувања најверојатно ќе почнат на почеток на следната недела, додека Сенатот да ги заврши формалните процедури. За импичмент на претседателот Трамп е потребно двотретинско мнозинство./Makfax

Спонзорирано: