Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Сè повеќе Австријци ја напуштаат Католичката црква

Бројните афери во Римокатоличката црква ги поттикнаа Австријците да ѝ свртат грб на својата црква, така што бројот на напуштања на црквата во Австрија се зголемил за 14,9 проценти минатата година.

Додека на крајот на 2018 година 5,05 милиони луѓе во Австрија биле од римокатолици, на крајот на минатата година нивниот број изнесувал само 4,98 милиони, пренесува католичката агенција „Катпрес“.

Според официјалните бројки, минатата година излегле 67.583 лица од Римокатоличката црква, а во 2018 година тоа го сториле 58.807 луѓе.

Истапувањето од црквата значително ја погодува Римокатоличката црква затоа што тоа значи дека има помалку приходи.

Во Австрија, Римокатоличката црква собира црковен данок од своите верници, а тие можат да се ослободат од него ако формално поднесат барање за повлекување од црквата./Makfax