10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рама го тужи Харадинај за клевета

Албанскиот премиер Еди Рама поднел тужба до Основниот суд во Приштина за клевета против косовскиот колега во заминување Рамуш Харадинај. Тужбата се однесува на клевета дека Рама наводно се залагал за рамена на територии меѓу Белград и Приштина.

Рама во тужбата наведува дека Харадинај во неколку емисии емитувани во октомври минатата година зборувал за размена на територии меѓу Белград и Приштина, обвинувајќи го него дека со Хашим Тачи и Александар Вучиќ ја отвориле идејата за размена на територии.

Харадинај смета дека тужбата нема основ и дека е поднесена само за да се избегне политичката одговорност.

„Според законот, јас ќе го подготвам одговорот на тужбата во законските рокови“, вели Харадинај.

Харадинај напиша на „Фејсбук“ дека „тужбата на Рама е сосема без темел и претставува негова политичка диверзија за да се сокрие зад медиумските драми и за да ја избегне одговорноста.

„Нашиот народ и Косово имаат луѓе кои ќе бидат нејзиниот браник во секој момент“, наведе Харадинај./Makfax

Спонзорирано: