Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Притвор за скопјанец кој марихуаната ја чувал во тегли од лутеница и ајвар

Скопското основно јавно обвинителство покрена обвинение против 27-годишник од скопската населба Влае кој криел марихуана во тегли за зимница.

Како што информираат од обвинителството, при претрес на домот на обвинетиот, извршен на 14 декември минатата година, биле пронајдени 28,66 грама марихуана, како и две дигитални ваги со остатоци од марихуана и опијати.

Обвинетиот скопјанец дрогата ја чувал во стаклени тегли со натпис „лутеница“ и „ајвар“.

Тој е обвинет за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги…

Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото што му се става на товар, надлежниот јавен обвинител до судот доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот./Makfax

Во тренд…